Програма на О.У Елпида Караманди
Г О Д И Ш Н А
П Р О Г Р А М А
ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО
ЗА УЧЕБНАТА
2012/2013г.
АВГУСТ 2012 г.
Б И Т О Л А
Врз основа на член 35 од Законот за основно образование (Сл. весник на Р.М. бр. 103/2008), Наставниот план и програми за воспитно- образовната дејност во основното училиште, содржини и организација на ВОД, Статутот на Училиштето, по предлог на Директорот Наставничкиот совет ја разгледа, а Училишниот одбор ја усвои на седницата одржана на ____________________ 2012 год.
Г О Д И Ш Н А П Р О Г Р А М А
ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО ЗА УЧЕБНАТА 2012/2013 г.
I. ВОВЕДЕН ДЕЛ
1. Лоцираност на Училиштето и реон од кој прибира ученици
ОУ"Елпида Караманди"- Битола е лоцирано во МЗ "Васко Карангелевски", на истоимената улица и ги опфаќа учениците од таа месна заедница и дел од МЗ"Јонче Мурџевски"- Битола, која го опфаќа населението во населбата Нова Битола.
Во состав на Училиштето работи подрачното осумгодишно училиштето во с. Цапари ја опфаќа популацијата од подрачјето на селата: Цапари, Ротино, Рамна, Горно Српци, Лера, Кажани, Доленци, Ѓавато и Маловиште и подрачното четиригодишно училиште во с. Доленци ги опфаќа учениците од албанска националност кои своето натамошно образование претежно го продолжуваат во ОУ,,Гоце Делчев”- Битола, во паралелките на албански наставен јазик.
2. Глобална структура на дејноста
Организацијата на работа се заснова на календарот за работа на основните училишта за учебната 2012/2013 година. Учебната година започнува на 3. 09. 2012 год. со вкупно 180 работни дена.
ОУ"Елпида Караманди"- Битола е основно училиште во кое ВОД се реализира за учениците од прво до петто одделение со 1 паралелки (одд. настава) и од шесто до осмо одделение со 12 паралелки (предметна настава), вкупно 26 паралелки.
ПУ с. Цапари е организирано во 6 паралелки од кои 2 одделенска и 4 предметна настава.
Наставата се изведува на македонски наставен јазик
ПУ с. Доленци е организирано со две паралелки во одделенска настава.
Наставата се изведува на албански наставен јазик.
ПУ работат во една (претпладневна) смена.
3. Материјално- технички и други услови
ОУ,,Елпида Караманди''- Битола располага со седум училници за изведување на настава од 1 - 5 одд., а предметната настава се изведува кабинетски во десет училници. Училиштето располага со фискултурна сала, спортски терени, Трпезарија за двонаменско користење, библиотека со 15000 книги, лектири, енциклопедии и стручна литература.
Оваа учебна година ќе биде опремен кабинетот по техничко образование со донација преку УСАИД, ПЕП проект.
За успешна реализација на ВОД, а посебно осовременување на наставата настанаа промени со збогатување и естетско оформување на училниците и другите простории во Училиштето и училишниот двор.
ПУ с. Цапари има 8 училници со кабинети, фискултурна сала, кабинет по информатика со 11 компјутери, кујна со трпезарија, библиотека, управен дел со комплетен број канцеларии и работни простории, ходници, подруми и други помошни простории; библиотеката располага со преку 7.400 книжни единици.
Поставена е инсталација на струја за преносните компјутери за одделенска настава во Централното ОУ,,Елпида Караманди“- Битола и подрачните училишта во с. Цапари и с. Доленци.
За организирање на културните манифестации се користи Трпезаријата.
Училишната зграда во с. Доленци се состои од две училници, канцеларија, ходник и две помошни простории, адаптирани за амбуланта. И во ПУ с. Доленци постои посебна просторија опремена од УНИЦЕФ, која согласно потребите во наставата може да се искористи за учениците од прво (деветтолетка), доколку има можности за оформување на посебна паралелка, или за други потреби во врска со ВОР.
Училишните згради се во релативно добра состојба.
Затоплувањето во двете подрачни училишта се врши со печки на дрва.
Подрачјето на училиштето спаѓа во групата на ридско - планински и неразвиени подрачја. Населението претежно се занимава со земјоделие и сточарство. Мал дел од родителите се вработени во стопанството и јавниот сектор.
Сообраќајните врски меѓу повеќето села се добри. Превозот на учениците се врши со автобус двапати на ден во текот на учебната година. Истиот создава одредени проблеми кои се должат на конфигурацијата на теренот и нецелосната сообраќајна поврзаност на подрачните села, но со добра координација и организација проблемите се надминуваат.
4. Наставни средства и помагала
ОУ,,Елпида Караманди”- Битола располага со соодветен основен мебел и инвентар за нормално изведување на наставата. Училиштето располага со наставни средства и технички помагала, од кои повеќе од нив се во употреба. Од наставните средства и технички помагала Училиштето располага со: 3 колор ТВ, графоскопи, касетофони, два печатари, целодневна Интернет врска и фотокопир. Имаме 116 клиент компјутери кои се поставени во сите училиници во предметна настава. Исто така добивме три печатари и еден видео- бим кои се ставени во функција.
Во ПУ с. Цапари и ПУ с. Доленци екипа од изведувачот на електричната и интернет инсталацијата за поставување на компјутерите изврши мерење за поставување на инсталациите, а потоа ќе се постават и компјутерите.
Добиените преносни компјутери за одделенска настава се ставени во функција.
Секој наставник има преносен компјутер во одделенска и предметна настава.
Училиштето располага со: ТВ, видеорикордер, музички систем, 11 компјутери, фотокопир.
ПУ с. Доленци исто така располага со потребни наставни средства за успешна работа.
5. Број на чисти паралелки и бројот на ученици
по одделенија и наставен јазик во ОУ,,Елпида Караманди- Битола
6. Кадровски потенцијал
* Одделенска настава- 16 наставници од кои 14 со Педагошки Факултет и 2 со ПА
* Предметна настава- 19 наставници со високо образование и 8 со вишо образование.
Сите наставни предмети според Наставниот План и Програми се застапени со
наставниот кадар.
· Оптовареноста на наставниците со наставни часови се движи од 20 - 22 наставни часови.
РАСПОРЕД на паралелките од подготвителна година, одделенска настава наставници, наставни предмети во предметна настава- наставници, одделенски раководители на паралелките, Претседатели на одделенските совети и стручните активи, одговорни наставници за реализација на факултативна настава, МОИ, слободни ученички активности, одговорни наставници на општествени организации, членови на комисии и други задолженија за учебната 20012/2013 г.
Претседатели на Одделенски совети:
- Одделенска настава: Билјана Китановска
- Предметна настава: Лилјана Димеска
Одговорна за училишната библиотека:
Кристина Кузмановска и Ивона Ангелевска
Претседатели на Стручни активи:
1. Стручен актив на одделенска настава: Билјана Карапетроска- Мицкоска
2. Актив на наставниците по јазици: Искра Ираковска
3. Стручен актив на Математика, Физика, Информатика и ТО: Татјана Дамчевска
4. Стручен актив на наставниците по Историја и Географија: Душко Швигир
5. Стручен актив на наставниците по Биологија и Хемија: Лилјана Мирчевска
6. Стручен актив по уметност, музичко образование и физичко и здравствено образование: Дона Димовска
Ученички организации:
- Детска организација: Елена Трајковска
Раководен и стручен кадар:
- директор (високо образование)
- раководител во ПУ с. Цапари и ПУ с. Доленци (високо образование)
- педагог (високо образование)
- социјален работник (високо образование, докторанд по образовен менаџмент)
- библиотекар (високо образование)
Административни работници:
- секретар (високо образование)
- благајник (средно образование)
- економ (средно образование)
- книговодител (средно образование)
II ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОД НА УЧИЛИШТЕТО
Ритам на работата во текот на учебната година
Целокупната ВОД се реализира во две смени: претпладневна смена со почеток во 7.15ч. и попладневна смена со почеток во 13. 00ч. по изготвен распоред за работа.
Наставниот час трае 40 мин.
Учебната година започна на 03. 09. 2012г., а завршува на 31. 08. 2013г.
Наставата се остварува во траење од 180 наставни денови.
ВОР ќе се реализира според календарот за учебната 2012/2013 г.
Во организација и реализација на шесте подрачја од ВОД ќе се поаѓа од целта, задачите и основните начела за организирање на ВОД на основното училиште содржани во документитите и Законот за Основно образование
А) Н А С Т А В А
1. В о в е д- видови настава кои ќе бидат организирани во Училиштето
Во училиштето ќе бидат организирани редовна настава (задолжителни предмети), изборна, факултативна, дополнителна и додатна настава.
2. Конкретизација на програмските елементи
а. Задолжителна настава
Наставата по задолжителните предмети претставува содржинска основа на Училиштето со која се овозможува вертикална проодност за продолжување на школувањето во средното образование.
Наставата од прво до осмо одделение ќе се изведува на Македонски јазик, а од странските јазици по претходно спроведена анкета избрани се за изучување Англискиот- како прв странски јазик и Германскиот јазик- како втор странски јазик. Наставата во ПУ с. Доленци се изведува на Албански јазик.
Наставата во одд. настава се изведува во класични училници, а наставата од шесто до осмо одд. се изведува кабинетски.
Во одделенска настава се изучува Англиски јазик како прв странски јазик со по два часа седмично.
За успешна организација и реализација Училиштето располага со соодветно материјално- технички и кадровски услови.
Во однос на наставните средства и помагала ќе се користат компјутери, ТВ, графоскопи, дијапроектори, радиокасетофони, микроскопи, видео рикордер и др.
- Начин на организација:
За успешна реализација ќе се посвети посебно внимание на Глобалните годишни планирања и тематските- оперативни планирања на наставниот материјал
Во организацијата на редовната настава ќе се применуваат други форми на работа и видови настава: групна форма, работа во парови, програмирана настава, а посебно ќе се акцентираат истражувачките постапки во наставата. Формите и видовите настава, динамиката на реализација се предвидени во планирањето на наставниот материјал и во програмите за работа на Стручните активи во Училиштето (види планирање на наставниот материјал по наставни предмети и програмите на Стручни активи).
Во организацијата и реализацијата на редовната настава ќе се соработува посебно со Бирото за развој на образованието низ советувања (индивидуални и групни) и семинари според динамиката за реализација на нивните програми.
- Обврските на непосредните носители ќе се состојат во следните активности:
* подготовки на наставниците за ВОД и методска подготовка.
- Динамика: Пред почетокот на учебната година.
* глобално и тематско планирање на наставниот материјал со посебен акцент на неделното планирање и повремено фокусирано планирање во одделенска настава и дневни подготовки од прво до осмо одделение со посебно акцентирање на целите, активностите за нивна реализација, посебно активностите на учениците и согледување за реализацијата на тие предвидени цели и задачи.- Динамика: Глобално и оперативно планирање до 31. 08. 2012 г.
Во планирањето, подготовките и организацијата, следењето и унапредувањето на редовната настава активно учествуваат Одделенските совети, Одделенскиот раководител и Стручните активи (динамика во програмите на стручните органи и тела).
- Организирано следење од директорот
- очекувани ефекти и резултати
б. Изборна настава
Со изборните предмети на учениците им се даваат можности да ги прошируваат и да ги развиваат своите индивидуални способности во одделни наставни предмети.
Оваа учебна година од изборните предмети ќе бидат застапени:
- Етика на религиите во 6 одд.
- Изборен спорт
- Проекти од ликовна уметност во
- Техничко образование
- Проекти од информатика во 7 (8) одд.
- Програмирање во 8 одд.
- Влашки јазик
Бројот на часовите се прикажани во горната Табела, зашто по изборот на предметите наставата е задолжителна и влегува како редовна активност.
Динамика: Според изготвен распоред од 6 – 8 одд.
в. Дополнителна настава
Дополнителната настава е внесена во новиот Закон за основно образование како редовна (задолжителна) активност за што секој наставник да има изработено Програма за работа.
Овој вид на настава се организира за ученици кои се соочуваат со повремени тешкотии во учењето, побавно напредуваат или заостануваат во совладувањето на содржините од еден или повеќе наставни предмети. Во зависност од потребите на учениците наставата ќе се изведува со по еден или два часа седмично.
Во реализацијата на содржините ќе се применуваат групна наставна форма, индивидуализирана настава со примена на наставни ливчиња, со задачи прилагодени на индивидуалните способности на учениците.
Динамиката на оваа настава е дадена во распоредот за дополнителна настава во текот на неделата во одд. и предметна настава.
На крајот од наставната година за учениците кои ќе покажат негативни резултати по одделни предмети ќе се организира дополнителна настава во траење од десет денови.
г. Додатна настава
Додатната настава се организира за ученици кои во текот на редовната настава постигнуваат натпросечни резултати и се потврдуваат со особена надареност и талентираност во одделни наставни предмети. Идентификувањето и избирањето на учениците за вклучување во додатната настава ја врши предметниот наставник по соодветниот наставен предмет со помош на Одделенскиот совет и стручните работници во училиштето.
Оваа настава според можностите ќе се реализира од трето до осмо одд. по одделни наставни предмети со по 2 часа седмично.
Додатната настава ќе се остварува по нова програма за работа изготвена од БРО и изготвен распоред.
За успешна реализација ќе се организира советување преку работата на Стручните активи од предметна настава.
д. Одделенски час
Часот на одделенскиот раководител е многу значајна форма за формирање на одделенскиот колектив и воспитување на ученикот.
Овој час ќе се реализира кај учениците од петто до осмо одделение со еден час седмично.
Во сите одделенија ќе се работи по изготвена програма од секој раководител на паралелката.
Содржините на часот на одделенскиот раководител ќе се остваруваат низ повеќе форми во кои ќе дојде до израз активноста на учениците: групна форма на работа, панел- дискусија, дебати, симулации, играње на улоги и др.
Со помош на Прирачникот за ,,Животни вештини'' секој одделенски раководител ќе реализира теми на одделенскиот час.
Во работата на часот активно ќе се вклучат педагогот и социјалниот работник кои ќе им даваат стручна помош на раководителите на паралелките, а повремено ќе реализираат свои активности по соодветни области.
Динамика: Секој понеделник како прв час.
Б) ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ
1. В О В Е Д:
Воннаставните активности во Училиштето претставуваат интегрално и многу значајно подрачје во општата структура и содржина на вкупната ВОД во Училиштето. Ова подрачје има содржини и активности што се реализираат вон наставата.
Конкретизација на програмските елементи на одделните видови воннаставни активности (ВНА)
а. Слободни ученички активности (СУА)
Низ СУА се создаваат одделни услови за индивидуализација на воспитниот и образовниот процес, за негување на индивидуалните интереси и способности на учениците. Преку овие активности се создаваат можности учениците кои имаат склоности и интерес, без оглед на успехот во наставата да се потврдуваат во одделни области. Личниот интерес на ученикот има примарно значење при определувањето за видот на слободната активност.
За да не се преотоваруваат учениците со СУА по правило секој ученик ќе учествува во една слободна активност.
Во одделенска настава ќе бидат застапени следните слободни активности: слободни активности за проширување на знаењата по одделни предмети (Литературна секција, Математичка; културно- уметнички слободни активности (музичка, драмска, ликовна, фолклорна, пејачка и др.) и нова форма на организирање во 2 одд.; види Програма за СУА- Демократичноста низ СУА.
Во предметна настава ќе бидат организирани следните СУА за проширување на знаењата по одделни наставни предмети:
Во слободните спортски активности ќе бидат опфатени сите заинтересирани ученици од прво до осмо одделение.
Најдобрите ученици ќе го претставуваат училиштето на сите организирани училишни, меѓуучилишни, општински, зонски и републички натпревари што ќе ги организира СУС на Општина Битола и СУСМ.
СУА ќе се остваруваат по претходно изготвени програми и со распоред на одржување кој нема да го попречи одвивањето на задолжителните предмети.
Во ПУ с. Цапари слободните ученички активности ќе се организираат за сите ученици од I – VIII одделение. Основна цел на овие активности е да се негува детската љубопитност, да се продлабочуваат знаењата кај учениците, правилно и културно издигнување, како и слободно искажување на креативниот дух и идејата на личноста на ученикот.
Реализацијата на слободните ученички активности во многу ќе зависи од условите, средината, како и временските термини со оглед дека 50% од учениците се превезуваат,
Како завршен дел од овие активности ќе бидат резултатите постигнати од учеството на разни натпревари, смотри, трибини и сл. Натпревари училиштето ќе организира по повод Патрониот празник и како преднатпревари за учество на натпревари од повисок ранг. Наградите по распишани конкурси за ликовни и литературни творби по разни поводи (8 Септември, 11 Октомври и сл.) ќе бидат доделени на Патрониот празник на училиштето.
Училиштето со свои ученици и екипи ќе учествува на сите натпревари на општинско ниво кои по правило се одржуваат во второто полугодие.
Во рамките на производствена и општо - корисна работа ќе се организираат активности кои имаат општо и хуманитарно значење, како што се: работни акции, уредување и украсување на училиштето и училишниот двор, уредување на спомен обележјата на реонот на Цапари и учество на хуманитарни и елементарни потреби.
Училиштето ќе организира две екскурзии. Првата ќе биде полудневна во првото полугодие со излет до манастирот “Света Ана“ во с.Маловиште. Втората ќе биде од рекреативен и забавен карактер со учество на учениците од I - VIII одд. Ќе се изведе на крајот на учебната година, еднодневна со посета на Охрид, Струга, Свети Наум и сите попатни знаменитости како и Крушево или Дојран.
Работата на ученичките заедници ќе се одвива според сопствени програми засновани на актуелните состојби, потреби и интереси на учениците.
Ученички хор
За презентирање и афирмирање на Училиштето според условите ќе работи трогласен училишен хор во кој членуваат ученици од 6 – 8 одд.
Хорот работи по изготвена програма и се реализира со по три часа седмично.
Мал училишен хор од одделенска настава во ЦОУ и во ПУ с. Цапари.
Училишен оркестар
Во Училиштето работи оркестар со ученици од 1 – 8 одд. низ наставните содржини
Ученички натпревари
Ученичките натпревари се форма на активност при која еден ученик или група ученици се трудат подобро или побрзо да постигнат што подобри резултати. Тие играат важна улога во развојот на ученикот. Преку нив се развива и продлабочува интересот на учениците и се воспоставува активен однос кон наставата. Тие ја освежуваат наставата и придонесуваат да се поврзе учењето со животот.
Ученичките натпревари влијаат на зголемување на интересот на учениците кон СУА, развивање на натпреварувачки дух, зближување на учениците од разни средини и можност за правилен избор на талентирани ученици за други активности.
Во нашето училиште натпреварите се организираат за учениците од 6 – 8 одд.
Најдобрите ученици ќе учествуваат на регионални и републички натпревари.
На регионалните натпревари ќе учествуваат и ученици од 5 одд.
Заедница на учениците
Заедницата на учениците се значаен дел во организацијата на животот и работата во училиштето. Во нив учениците, сами или заедно со наставниците и родителите се договараат и се организираат за позначајни прашања што се во врска со животот и
работата на училиштето. Исто така тие предлагаат и преземаат мерки за подобрување на условите за работа и др.
Заедниците на учениците во Училиштето се организираат за учениците од 6 - 8 одд., и тоа: ученичка заедница на паралелката и ученичка заедница на Училиштето (Училишна заедница).
- Ученичките заедници на паралелките се организираат со изготвена програма за работа и содржините се реализираат со еден час неделно (45 мин.) со помош на раководителот на паралелката, родителите и стручните соработници во Училиштето. Конституирањето на ученичките заедници на паралелките се врши на почетокот на учебната година кога се избира раководство што го сочинуваат: Претседател, Секретар, Благајник и двајца членови.
Форми и активни методи на работа: групна форма на работа, дебати, симулации, играње на улоги и др.
Динамика:
Реализацијата се врши по одреден распоред во текот на неделата по паралелки по 1 час и по потреба.
Ученичка заедница на училиштето
Училишната заедница на Училиштето е висока форма на организирање на учениците. Таа ги опфаќа учениците од 6 - 8 одд.
Се конституира на почетокот од учебната година, откако ќе се формираат ученичките заедници на паралелките. Секоја паралелка делегира по два членови во Училишната заедница и тие го претставуваат раководството- Претседателството на училишната заедница. Од ова претседателство се избира потесно раководство што ќе го сочинуваат Претседател, потпретседател и секретар.
Во текот на учебната година Претседателството ќе формира постојани комисии: за културно- забавен живот, за успех, дисциплина и др.
Училишната заедница ја следи, насочува и координира работата на ученичките заедници на паралелките.
Активноста на заедницата се остварува по изготвена програма за работа.
Работата на ученичката заедница ја помага директорот на училиштето, училишниот педагог, социјалниот работник и некои наставници кои покажуваат посебен интерес за овој вид работа.
Динамика: состаноци ќе се одржуваат по еден состанок месечно и по потреба.
Производствена и друга општествено- корисна работа
Целта на вклучувањето на учениците во производствена и друга општествено- корисна работа е кај нив да се развива љубов и позитивен однос кон работата, воопшто. Најчесто се изведува во локалната средина. Се организираат работни акции на учениците за уредување на училиштето и училишниот двор, учениците укажуваат помош на социјално загрозени и инвалидизирани лица и учествуваат во други активности со пошироко општествено и хуманитарно значење.
Ученички екскурзии
Ученичките екскурзии се организираат како форма на ВОР преку која учениците ќе ги прошируваат и продлабочуваат своите знаења од одделни ВО подрачја и наставни предмети како и за спортување, рекреација и други видови педагошко организирање на слободното време на учениците. Наставните екскурзии се изведуваат во рамките на задолжителните наставни денови во текот на наставната година.
Во текот на учебната година ќе се организираат екскурзии со посебна организациска подготовка според програмата за изведување на екскурзии.
Во текот на учебната година ќе се реализираат:
· екскурзии за забава и рекреација (1-8 одд.), време на реализација: од септември до јуни
· организирано зимување и летување
* наставни екскурзии според потребите по одделни наставни предмети предвидени во годишното планирање по соодветни наставни предмети и СУА.
* тридневна екскурзија за учениците од 7 и 8 одд. ; време на реализација:септември, јуни.
Бројот на ученичките екскурзии, нивната цел и содржина, начинот на организирање и изведување се планира со Годишната програма за работа, како и со глобалното годишно планирање на наставата по одделни наставни предмети и подрачја.
Ученичките екскурзии се предвидени со посебна програма за изведување на екскурзии во тековната учебната година, изработена според Упатството за програмирање, организација и реализација на екскурзии од МОН и БРО.
Ученички организации
Во Училиштето ќе бидат застапени следните ученички организации: детската организација и ПЦК.
* Детската организација ги опфаќа учениците од 1-8 одд.
Оваа организација ќе работи по изготвена програма за работа во која ќе бидат содржани активностите што ги организира раководството со динамика на реализација на активностите.
Одговорен наставник: Елена Трајковска
Соработници: педагог, социјален работник и наставници.
* ПЦК- Подмладок на црвениот крст
Низ работата на ПЦК доаѓа до израз здравственото образование и воспитание на учениците. Посебно внимание ќе му се посвети на опасностите од пушењето, дрогата, алкохолот, сидата и други негативни пороци што се појавуваат.
Во оваа организација се опфаќаат учениците од 1-8 одд. Активностите се предвидени во програмата за работа на ПЦК.
Одговорен наставник: Маја Јанакиевска, соработници:, педагогот, социјалниот работник, наставниците по Биологија.
В) ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
1. ВОВЕД
"Здравственото образование на учениците треба да биде приоритет не само заради самото здравје, туку и од гледна точка на самиот образовен систем- за да можат децата да учат треба да се здрави" (ЦСО, УНИЦЕФ, УНЕСКО).
Тргнувајќи од горната констатација, заштитата и унапредувањето на здравјето на учениците е обврска на сите во Училиштето, за сите кои учат и работат во него, во непосредна соработка со родителите, здравствената служба и пошироката заедница.
- Одржување на хигиената на училишните простории, паркот и спортските терени: континуирано секој работен ден.
Во текот на целата учебна година ќе се реализираат планираните работни акции од страна на одд. заедници на паралелките за одржување на хигиената и естетскиот изглед на училишните простории, парк, спортските терени и непосредната околина. Во одржувањето на хигиената, покрај хигиеничарите ќе бидат ангажирани и дежурните ученици од 7-8 одд, ПЦК, Детската организација, Биолошката и еколошката секција, ликовната секција и други секции во Училиштето.
Со цел да се стимулираат учениците за одржување на хигиената и естетскиот изглед на училишниот простор ќе се изготви Правилник со критериуми за избор на најдобра ученичка заедница на паралелките со соодветни пофалби и награди (пофалници, книги, гледање театарска или кино претстава и сл.).
- Откриените деформитети од страна на лекарот и наставниците по Физичко образование ќе се отклонуваат по пат на лекарски третман, вежби на часовите по Физичко образование, СУА (корективна гимнастика) и после наставата.
Г) СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА
1. ВОВЕД
Соработката на Училиштето со локалната средина како подрачје има цел да се анимира и стави во педагошка функција се што може да понуди локалната средина за поуспешно реализирање на програмските задачи на Училиштето. Но, исто така и Училиштето треба да влијае на подигнувањето на културно- образовното ниво на
населението. Структурата на ова подрачје е: организирање општествени, културни и образовни активности; соработка со семејството; соработка со други институции; информирање на пошироката јавност за работата и резултатите на Училиштето.

- Организирање општествени, културни и образовни активности,
Одбележување на значајни празници и јубилеи: 8 Септември- денот на независноста на Р.М.; 11 Октомври- Денот на востанието на македонскиот народ; Денот на ООН; 4 Ноември- денот на ослободувањето на Битола; Нова Година- прослава; Поетски средби и квиз натпревари по повод значајни историски јубилеи; 8 Март- денот на жената; 21 Март- ден на екологијата; 1 Мај- ден на трудот;, 22 Април- Патронен празник; 24 Мај- денот на словенските просветители и Јуни Свечена седница- Годишно собрание на кое ќе бидат разгледани постигнатите резултати во ВОП во изминатата учебна година (Годишен извештај).
- Соработка со семејството
За постигнување на својата цел и задачи Училиштето ќе ја развие соработката со семејството. Ќе се настојува родители активно да учествуваат и продуктивно да соработуваат на сите подрачја на ВОД.
Соработката со семејството ќе се одвива по изготвени програми по паралелки (заеднички и индивидуални средби) и истата ќе се збогатува со нови форми на работа.
- Совет на родители
Советот на родители како основни програмски задачи ќе ги има:
* Развивање на соработката на семејството со Училиштето со цел да се реализираат ВО содржини;
* Вклучување на родителите во развивањето на програмските задачи на Училиштето;
* Учество во давање мислење од интерес за поуспешна работа со учениците;
* Реализација на педагошко- психолошкото образование на родителите.
Советот на родители е организиран: Совет на родители на паралелката и Совет на родители на Училиштето.
Овие совети работат по изготвена програма со конкретизација на активностите.
Целта на оваа соработка со родителите е редовно да бидат информирани со работата, проблемите и успесите, а воедно да помагаат со идеи за подобрување на материјалните услови, а со тоа ќе се надминат некои слабости и недоследности.,
Динамика: 9, 10, 11, 1, 4, 6 месец и по потреба.
Координатори: Претседател на Советот, Директор, педагог и социјален работник.
Активноста за соработка со родителите ќе се спроведува преку средби (родителски), преку локалните електронски и пишувани медиуми, и др.
Информирање на пошироката јавност за работата и резултатите на Училиштето.
- Соработка со други институции
За поуспешно реализирање на ВОР, Училиштето ќе соработува со: БРО-ПЕ Битола, Министерството за образование и наука, Педагошки Факултет- Битола, Народна Техника, МЗ "Васко Карангелевски"- Битола, КУД "Гоце Делчев", Центар за социјална работа, Служба за ментално здравје на деца и младинци, соработка со средни училишта за проф. ориентација, различни невладини организации и др.
Д) СЛЕДЕЊЕ, ВРЕДНУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА В О Р
1. ВОВЕД
Целта на следењето, унапредувањето и вреднувањето на ВОД на Училиштето е да се обезбеди стручен приод во анализирањето и проценувањето на педагошкиот квалитет на дејноста што ја остварува Училиштето и на резултатите што се постигнуваат и врз основа на тоа да се осмислуваат конкретни мерки и стручни активности за постојано осовременување и квалитативно подобрување на ВОР.
За остварување на оваа цел ќе се врши следење, проверување и оценување на успехот на учениците и наставниците, перманентно стручно усовршување на раководниот и воспитно- образовен и соработнички кадар, правилно водење на педагошка евиденција и документација и како извор на знаење ќе се користи училишната библиотека, а посебно библиотеката со педагошка и стручна литература.
2. Конкретизација на основната структура
- Следење на реализацијата на Годишната програма за работа
Следењето на Годишната програма за работа на Училиштето ќе се реализира континуирано по програмски подрачја со посебен инструмент за следење.
Динамика: 11, 1, 4, 6.
Носители на активности: директор
- За успешно и ефикасно согледување на организацијата на работата ќе се преземат и следните активности:
* вреднување на годишните глобални и тематски планирања на наставниот материјал;
* следење на реализација на активната настава од 1 – 8 одд. по изготвен Распоред.
* следење на реализација на работата на Стручните активи
Носител: педагогот, одговорниот наставник на Стручниот актив
* следењето на ученичките знаења ќе се врши континуирано во текот на учебната година.
* напредокот од 1- 5 одд. ќе се следи со посебни ученички досиеја оформени со ученички трудови.
Носители: одделенските наставници и педагог.
* вреднувањето на ученичките знаења ќе се врши континуирано, а резултатите ќе се сублимираат: 11, 1, 4, 6 месец.
Директорот и педагогот на Училиштето ќе ги анализираат подготовките (глобалните и тематските планирања, програмите за додатна настава, за СУА и др. Планирања). Преку посета на часови ќе се следи и вреднува реализацијата и квалитетот на постигнатите
резултати.
Според Програмата за работа на директорот основна задача ќе му биде да ја следи и вреднува организацијата и реализацијата на ВОД- активна настава и примена на иновации во наставата и постигнатите резултати.
Директорот и стручните работници на Училиштето ќе ја следат соработката на наставниците со родителите, разрешување на одредени проблеми и ќе остварат разни форми на комуникација.
Врз основа на следењето на наставата и другите активности се изготвуваат извештаи, анализи и информации за потребите на стручните органи и тела на Училиштето.
- Динамика: 10 (планирањето), следење на наставата според Програмата на Директорот.
МОТО НА УЧИЛИШТЕТО
,,ЕФЕКТИВНО УЧИЛИШТЕ СО
ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ”
МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Максималното поттикнување на индивидуалниот развој на учениците преку постојано проектно ангажирање, вклучување на инклузивна димензија за учениците со послаб развој и со различна етничка припадност, менување на улогата на наставникот во насока на интензивирање на воспитната компонента со користење на современата образовна технологија и комуникација во насока на активна настава и интерактивно учење.
ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
,,МОДЕЛ УЧИЛИШТЕ- СООЧУВАЊЕ СО ПРОМЕНИТЕ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА НОВОТО ВРЕМЕ”
Постојано правиме напори да бидеме ,,Модел училиште”, со еднакви шанси за сите ученици од сите етнички заедници, ја унапредуваме на наставата, организацијата, интерперсоналните односи наставник – ученик и наставник – наставник, како и унапредување на менаџментот.
УНАПРЕДУВАЊЕ НА В О Д
РАЗВОЈНО- ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
За унапредување на ВОР ќе се реализираат развојно- истражувачки проекти и други иновации:
· Проектот за основно образование (ПЕП), организиран од страна на УСАИД, изучување на математика со размислување. Одговорни наставници: Билјана Карапетроска- Мицкоска и Гордана Тасевска.
· Со проектот ,,Интеграција на заштитата на човековата околина во воспитно- образовниот систем” во организација на ОХО и МОН, ќе се извршат интегрирани планирања во еколошки цели со што треба да се подигне воспитната компонента. Тим под координација на Гордана Гошевска.
· Проектот ,,Зелен пакет- Џуниор“ продолжува да се спроведува и оваа учебна година во одделенска настава, за што ќе биде изработен Акционен план. Одговорен наставник: Емилија Николовска.
· Проектот ,,Slow food” ќе се спроведува оваа учебна година со одржување на работилници за учениците и обука за засадување на лековити билки, овошни и зеленчукови растенија во насока за стекнување на култура за здрав начин на исхрана. Одговорни наставници: Гордана Гошевска и Емилија Николовска.
· Иницијатива ,,Училишта- партнери на иднината”- Гете Институт и Германска влада. Проект за изучување на Германски јазик од прво до трето одделение. Одговорен наставник: Лилјана Димеска.
· Проектот ,,Имплементација на Конвенцијата за правата на децата во Македонија“ се воведува од оваа учебна година во нашето Училиште и ќе придонесе за подобра организираност на ученичките заедници во паралелките, ученичката заедница на Училиштето, а најголема новина ќе биде воведување на дете-правобранител како додатен заштитен механизам за имплементација на правата на децата. Овој проект ќе се реализира во тесна соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА. Тим: Илија Василевски (координатор), Сузана Стојчевска и Ирина Николовска.
· Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието ќе започне да се реализира во оваа учебна година според изработен Акционен план од страна на Тимот: Сузана Стојчевска (координатор), Сашо Гошевски, Фанче Јошевска, Фетие Кораќ, Илија Василевски, Ирина Николовска, Рашид Велиу, Душко Швигир (член од УО) и член од Совет на родителите (Види Акционен план подолу)
(Акционите планови и Програмите за работа со наведените проекти ќе се изработат од Тимовите и одговорните наставници)
За наредниот период се планираат следните активности за унапредување на воспитно- образовната работа:
- доопремување на Трим- кабинетот во состав на Спортската сала
- поставување на фитнес справи на отворен спортски полигон
- поставување на нови рефлектори во Спортската сала
- санирање на тениските игралиШта
- санирање на асфалтната подлога на старите спортски игралишта
- решавање на проблемот со индустриска вода- изградба на бунар за полевање на тревните површини
- поставување на жичена ограда позади спортските игралишта во ЦОУ и ПУ с. Цапари
- поставување на кошеви во ПУ с. Доленци
3. Стручни органи и тела
Стручни органи
Во Училиштето стручни органи се: Наставничкиот совет, Одделенските совети и одделенскиот раководител.
- Наставнички совет
Наставничкиот совет го сочинуваат сите наставници, стручни работници и директорот (прилог: програма за работа).
Тим за меѓуетничка интеграција во образованието: Сузана Стојчевска (Координатор), Сашко Гошевски, Фанче Јошевска, Фетие Кораќ, Илија Василевски, Ирина Николовска, Рашид Велиу, Душко Швигир и Албен Исаи.
- Одделенски совети
Одделенските совети се организираат по одделенија и ги сочинуваат сите наставници од паралелката (предметна настава) кадешто се изведува настава, стручните работници и директорот. Со одделенскиот совет раководи директорот.
Одделенските совети работат по изготвени програми.
Динамика: 9, 11, 1, 4, 6 месец и по потреба.
- Одделенски раководители
Одделенските раководители ги именува Наставничкиот совет на Училиштето по предлог на директорот и работат по изготвени програми.
СТРУЧНИ ТЕЛА
Во Училиштето ќе функционираат како стручни тела Стручните активи, и тоа: Стручен актив на наставниците од одд. настава; Стручен актив на наставниците по јазици и Историја; Стручен актив на наставниците од природноматематичката група предмети и Стручен актив на наставниците по уметност и физичко и здравствено образование. (Прилог: Програми за работа на Активите).
Ѓ . СТРУЧНО И ПЕДАГОШКО УСОВРШУВАЊЕ И НАПРЕДУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ, ДИРЕКТОРОТ И СТРУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ
1. ВОВЕД
Потребата од стручно и педагошко усовршуваше произлегува пред се од педагошката пракса која секојдневно се збогатува со нови форми- иновации, кои од наставникот бараат да оди во чекор со времето , да ги следи и применува и на тој начин да се усовршува самиот себеси и наставата во училиштето.

а. индивидуално стручно усовршување
Индивидуалното стручно усовршување на наставниот кадар, директорот и стручните работници има посебно значење бидејќи истото зависи од личното залагање на наставникот, од неговата свест, љубов и одговорност кон работата.
Индивидуалното стручно усовршување ќе се реализира преку:
- следење на содржините во стручните и педагошките списанија, читање стручна и педагошка литература;
- самостојно користење на разни извори на знаење: учебници, прирачници, енциклопедии, периодика и др.;
- самостојно учење и усовршување преку аудио и аудио-визуелни средства;
Носител: Директор, училишниот педагог
б. Колективно стручно усовршување
Колективното стручно усовршување ќе се реализира преку работата на стручните активи и наставничкиот совет.
Наставниците групирани по својата стручност како и по работните задачи ќе организираат активности насочено кон сопствено стручно усовршување. За таа цел се изготвуваат Годишни програми за работа на стручните активи (Прилог.: Годишни програми за Стручните активи).
Со реализирање на овие програми наставниот кадар ќе го остварува своето стручно, педагошко, психолошко и дидактичко- методско усовршување.
Секој Стручен актив во текот на учебната година ќе актуелизира примена на новини во организацијата и артикулацијата на наставните часови и тоа преку:
- теоретска разработка на иновацијата;,
- изработка на методски прикази на наставен час со примена на иновација;
- изведување на наставен нагледен час на која е применета иновацијата;
- организирање на практична работилница во која со практични примери ќе се поттикнуваат наставниците за воведување иновации во наставата;
- меѓусебна посета на часови со примена на иновацијата;
в. Наставнички совет
Стручното усовршување на наставниците ќе се организира и во рамките на работата на Наставничкиот совет и тоа:
- изработка на стручни и педагошки анализи, извештаи, информации од примената на иновации во наставата во текот на учебната година заради популаризација на податоците, истакнување на систем на мерки и предлози со кои недостатоците можат да се надминат, се со цел да се унапреди наставата.
г. Стручно усовршување по пат на Семинари
Стручното усовршување на наставниците, директорот и стручните работници ќе се организира и по пат на семинари и советувања од БРО.
Динамика: Според програмите за стручно усовршување на БРО.
Анекси кон Годишната програма за работа на Училиштето
Кон Програма за работа на Училиштето ќе се приложат и програмите за работа на: Наставничкиот совет, Стручните активи, Директорот, педагогот, социјалниот работник, библиотекарот, Програми за работа на Совет на родители, Програма за посети, излети и екскурзии и Интегрирани планирања на еколошки проекти во наставата, Акционен план за проектот ,,Имплементација на Конвенцијата на правата на децата во Македонија“,